Нова масовна гробница откриена во ослободениот град Изјум во харковската област во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вчерашно обраќање побара од светот да се заложи, Русија да одговара за овие злосторства, и ги повика светските медиуми денеска да дојдат на местото и да известат што се случувало додека градот бил под контрола на руските воени сили, за светот уште еднаш како што рече да ја дознае вистината што навистина се случувало и до што довела руската окупација на неговата земјата.
Погледнете дел од изјавата на Зеленски.
