Вести Свет

Баку понуди да ги предаде на Ерменија телата на сто загинати ерменски војници

Азербејџан денеска на Ерменија и понуди да ги предаде телата на сто ерменски војници убиени во престрелките изминатите денови.

Азербејџан ја повикува Ерменија на прекин на огнот и е подготвен еднострано да ги предаде телата на сто ерменски војници, се наведува во соопштението на азербејџанската Државна комисија за воени заробеници.

Последните податоци на ерменските власти покажуваат дека во експлозиите од вторникот вечерта загинале 105 припадници на армијата.

Според последните податоци, досега е потврдена смртта на 105 припадници на ерменските вооружени сили, изјави премиерот Никол Пашинјан пред Парламентот.

Претходно беше соопштено дека загинале 49 војници на ерменската армија.

Во меѓувреме, германската Влада денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да го прекинат конфликтот што ја загрозува безбедноста на целиот регион.

Ги повикуваме Азербејџан и Ерменија веднаш да ги прекинат сите дејствија што можат да ја загрозат безбедноста меѓу двете страни, како и во регионот, и да го продолжат дијалогот по секоја цена, рече портпаролот на Германското Министерство за надворешни работи на редовна прес-конференција. Тој истакна дека Германија го поддржува предлогот на Европската унија за посредување.

„Германската Влада е длабоко вознемирена од извештаите за судири долж ерменско-азербејџанската граница, насочени главно кон цивилна инфраструктура и станбени згради“, додаде портпаролот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе