Вести Најважни Свет

Лукашенко се сомнева во тврдењето на Путин дека зад нападот во „Крокус“ стои Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенкo се сомнева во тврдењата на Русија дека Украина била вмешана во бруталниот напад во московската концертна сала Крокус што се случи минатата недела.

Белорускиот претседател, еден од најлојалните сојузници на Путин, се чини дека противречи на тврдењата на Кремљ, откривајќи дека напаѓачите првично имале намера да влезат во Белорусија, а не во Украина.

Одговорноста за нападот на презеде Исламската држава и се закани дека ова нема да биде единствената нивна акција доколку Русија продолжи со тортурата врз нивните оперативци кои го извршија масакрот во кој загинаа над 139 лица.

Путин во саботата тврдеше дека бил подготвен „прозорец“ за напаѓачите на ИСИС да избегаат во Украина, но Киев ги негираше ваквите негови тврдења.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе