Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Терористите не се познавале меѓу себе, првата средба им била во хостел во Москва

На социјалните медиуми се појави ново видео за кое се вели дека е уште едно признание на еден од уапсените терористи во врска со нападот во концертната сала во Москва, „Крокус“.

Лицето кое е снимено може да се забележи дека зборува руски јазик.

На прашањето каде е фрлено оружјето употребено во нападот, тој одговара: „Не го знам градот, прашајте ги моите пријатели, тие знаат“.

РИА објави и фотографии од тројцата наводни напаѓачи откако беа уапсени.

Ниту една фотографија или видео од четвртиот напаѓач не е објавена во руските државни медиуми.

РИА наведе дека сите напаѓачи зборуваат „исклучително лошо“ руски, а еден од мажите комуницирал „преку преведувач“.

РИА пишува дека еден од напаѓачите спомнал дека се вратил во Русија од Турција на почетокот на овој месец. Медиумот тврди дека напаѓачите живееле заедно во хостел на северот на Москва, а двајцата се запознале само „пред 10-12 дена“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе