Вести Свет Топ вести

Пател бара Конгресот да испита како се трошеле американските пари во Украина

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Каш Пател побара од Конгресот да истражи како се користеле парите од помошта испратени во Украина.

Побарав од Конгресот да испита каде исчезнаа парите. Американскиот народ заслужува одговор, бидејќи тоа се наши пари. Тоа се долари на нашите даночни обврзници, посочи Пател.

Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.

Не се работи за тоа дека САД праќаат милијарда долари, туку дека испратениот износ до една земја е сто пати поголем од милијарда, наведе Пател.

Тој го доведе во прашање и кредибилитетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, спомнувајќи го ракетниот инцидент во Полска.

Зеленски излезе на светската сцена и рече Русија истрела проектил кон Полска, што би било воен чин. Се покажа дека Русија не истрела таква ракета, посочи Пател.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе