Спорт Фудбал

Официјално: Хумелс заминува од Борусија Дортмунд како слободен агент

Само еден ден по заминувањето на тренерот Един Терзиќ, од таборот на Борусија Дортмунд заминува и еден од главните играчи во тимот Матс Хумелс.

Фудбалерот и клубот се договорија да не ја продолжуваат соработката, па стоперот ќе може да потпише за нов тим без обештетување.

Хумелс мина вкупно 13 сезони во дресот на Борусија, а помеѓу двата мандати во жолтиот дрес играше и за Баерн Минхен. Ветеранот кој има 35 години наводно е заинтересиран за трансфер во странство, а Јувентус и Милан би сакале да го видат во своите редови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УЕФА отвори истрага за однесувањето на Даку

Дејан Дејан

Македонија бележи пад од две места на ранг листата на ФИФА

Дејан Дејан

ФФМ бара истрага и санкција за Мирлинд Даку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе