Вести Македонија Најважни

Европскиот фронт на ДУИ се проширува со ДПА и ЕДП

Европска песна за Европски фронт. Химната на Европската унија, Бетовеновата „Ода на радоста“ им ја отвори вратата на четворицата претседатели на партии кон полната сала членови и симпатизери. Потпишаа дека заедно ќе одат на избори. Али Ахмети порача дека овој фронт ќе функционира до остварувањето на целта – членство во ЕУ. Повика да им се придружат и Македонците и другите заедници за чии права гарант се Албанците и Охридскиот договор. На сојузничките партии им порача заедно да ја преземат одговорноста.

„Вие сте браќа, победата е на сите вас! Во оваа тврдина сите да продолжиме со по еден камен и да ја зајакнеме тврдината. Вие сте тие кои ја шират големата вест: Албанците се заедно!“, порача претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Некогашниот лут политички противник, Мендух Тачи, очекува оваа коалиција да добие 30 пратеници. Таа треба да го оневозможи руското влијание, кое веќе е присутно на Балканот, да дојде и  во Македонија.

„Ова обединување е да се спречи оваа политика да дојде и во Македонија. Ова обединување бара од нашиот народ да биде изгласано со 30 пратеници за да се оневозможи руската политика да се институционализира и во Република Северна Македонија“, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Поранешниот потпретседател и министер од БЕСА, сега претседател на нова партија, Арјанит Хоџа, направи споредба со поддршката за ОНА во 2001-та.

„Овие наши повици денес се исти како оние за приклучување во ОНА во 2001-та. Тогаш командантот на ОНА  Али Ахмети создаде услови за еднаквост и за вклучување на Албанците во сите институции. Денес, преку овој фронт, ние треба да го браниме тоа и да ги спречиме антиевропските влијанија во земјата“, вели претседателот на ЕДП, Аријанит Хоџа.

Минатата недела Ахмети потпиша договор со Народното движење на Скендер Реџепи-Зејд. Европскиот фронт се надева дека ќе му се придружат и други партии и поединци. Најнеизвесна е позицијата на Алијанса на Зијадин Села – дали самостојно ќе оди на избори, како што го поттикнува Арбен Таравари, или ќе ја прифати поканата на ДУИ за заеднички настап.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протоколот со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Kristina Kuzmanovski

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе