Вести Македонија Топ вести

Вреди и ДУИ во клинч за Закон за правична застапеност

Блокираниот Закон за правична застапеност со денови предизвикува меѓусебни препукувања меѓу партиите на Албанците. Владејачката Вреди обвинува дека, според нив, корумпираното раководство на ДУИ не може да им прости на мнозинството Албанци што ги испратија во опозиција, па им се одмаздуваат блокирајќи закон со кој правичната застапеност треба трајно да се гарантира.

– Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт!, изјави Дритон Сулејмани од „Вреди„.

Од ДУИ реагираа на обвинувањата оценувајќи дека, „Вреди„ се обидуваат да го прикријат недостатокот на етнички легитимитет преку политички напади и клевети.

Законот е зад врата и чека да биде контрабандиран. Ние тоа нема да го дозволиме, изјави Илир Хасани од ДУИ.

Овој закон е блокиран поради недостиг на Бадентерово мнозинство  во Собранието. Прашан за овој проблем, премиерот одговори дека Владата ја завршила својата работа и дека понатамошната постапка е во надлежност на Парламентот. Додаде дека политичките пресметки и калкулации им ги остава на опозициските партии.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се обидел да раздели тепачка, насилниците го избоделе со нож

Kristina Kuzmanovski

По една недела укината забраната за пиење на водата во Крушево

Kristina Kuzmanovski

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе