Вести Македонија Најважни

Власта и опозицијата се расправаат со кој закон лицата од „црната листа“ на САД може да бидат санкционирани во земјава

Додека САД редат лица на црната листа, власта и опозицијата се расправаат со кој закон тие може да бидат санкционирани во земјава. Последни имиња на кои им е забранет влез во САД поради корупција се актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која веста ја дочека во затворот во Идризово.

Јакимовски не само што не планира да се откаже од претседателската трка, туку законски пречи за тоа и нема. Според Изборниот законик, кандидат за претседател може да биде лице кое ги исполнува условите дефинирани со Уставот, да е државјанин на Македонија, да има најмалку 40 години и да е жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.

ВМРО-ДПМНЕ се повика на веќе постоечкиот Закон за меѓународна соработка, при што Антонио Милошоски на Фејсбук порача дека Владата на СДСМ и ДУИ се плаши да ги искористи неговите механизми.

  • „Владата, министерот за правда и ЈО, доколку имаат политичка волја за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку министерството за правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на “црната листа”- Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски пак ги повика Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки со кој лицата на црната листа нема да може да извршуваат јавни функции.

  • „Очигледно од некаква причина го блокираат тој закон да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен, а доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието“- Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ.

Во меѓувреме со измените на Кривичниот законик главната расправа по обвинението против Јакимовски треба да почне од почеток. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластување и за бесправно градење. Јакимовски е обвинет дека им овозможил на две фирми да се стекнат со градежно земјиште по цена од 438 денари по метар квадратен, иако пазарната вредност била 18 илјади денари. Воедно отворена е и предистрага против Јакимовски за отуѓување на земјиштето во Карпош 3 кај поранешниот ресторан Имес.

Марија Митевска

Како Катица Јанева од Идризово и Стевче Јакимовски од градоначалничка фотелја во Карпош завршија на црната листа на САД

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе