Вести Економија Македонија Топ вести

Грчки ЕДС заедно со фирма која е во ликвидација во Србија и еден вработен во Скопје се нуди да биде нов снабдувач со струја за домаќинствата

„Пан интер трејд“ фирма во ликвидација во Србија, а во Скопје со еден вработен е дел од понудите за универзален снабдувач во конзорциум со грчки ЕДС, велат извори за Телма.

Според информациите, компанијата функционира во Скопје со годишен обрт од 500 илјади евра, а ЕДС која настапиле во конзорциум со оваа фирма има финансиски проблеми поради енергетската криза.

Од друга страна, компаниите кои сакаат нов универзален снабдувач покрај останатите услови треба да имаат и работен капитал од 40 милиони евра, оттука се отвора прашањето дали овој конзорциум ќе ги исполнува условите.

На тендерот за нов универзален снабдувач се пријавиле и ЕВН Хоум и ЕСМ продажба. Според информациите на Телма речиси сите компании понудиле првична профитна маржа со сличен процент блиску до сегашниот од 11,5%.

Понудите во влада се отворени, потврдено е кој термин аплицирале но, се уште не се утврдени техничките спецификации односно дали и кои фирми ги исполнуваат условите.

Денеска беше последен ден за доставување на потребната документација од фирмите кои сакаат да конкурираат а во следниот период ќе има електронска аукција и за околу десетина дена би требало да се знае кој ќе биде новиот снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи во следните пет години.

Кој ќе ги снабдува домаќинствата со струја – денеска отворање на понудите од компаниите кои сакаат да бидат Универзален

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе