Вести Економија Топ вести

Кој ќе ги снабдува домаќинствата со струја – денеска отворање на понудите од компаниите кои сакаат да бидат Универзален

Сегашниот снабдувач ЕВН ХОУМ,  ЕСМ Продажба се јавиле на повикот за избор на нов Универзален снабдувач. А според информациите тоа го направил и познатиот трговец со струја ЕДС, кој е фирма ќерка на државната грчка компанија за производство на енергија ППЦ.

Денеска до 15 часот  беше рокот до кој тие требаше да ги достават потребните документи. Доцна попладне во Владата, ќе бидат отворени понудите и ќе се види кои се ги исполнува условите, а за неколку дена ќе се знае кој ќе биде новиот снабдувач. Дали ќе остане ЕВН ХОУМ или пак ќе биде некој друг?  Од Владата велат тој што ќе понуди најниска профитна маржа,  која сега изнесува 11, 5 отсто тој  ќе биде новиот Универзален.

Денеска ќе  има отворање на понудите,  ќе се направи проверка дали ги исполнуваат  условите  тие што се јавиле и потоа ќе се закаже негативно надавање, аукција.  Мислам дека во наредните 10 дена ќе се знае се. Една од идеите е пониската маржа која влегува во конечната цена за крајните  корисници  да ја намали цената, вели вицепремиерот Битиќи

Меѓу условите кои се јасно дефинирани стои и дека фирмите треба да имаат и 40 милион евра работен капитал. Ова е далеку повеќе од она што се бараше на претходниот повик.

Трговецот со струја ЕДС поради тоа што има финансиски проблеми поради енергетската криза, побараа да бидат поддржани од мајката фирма во Атина, која пак требаше да го гради Чебрен, но тендерот пропадна. Со оглед на финансииte на ЕДС, денеска ќе се види и дали тие ги исполнуваат условите. А по неуспешниот обид да го гради Чебрен, ќе се знае и дали грчки ППЦ ќе има повеќе среќа во овој дел.

Јавниот повик за избор на нов Универзален, Владата го објави на 11 декември. Оној кој ќе биде избран улогата ќе ја преземе од јуни, а граѓаните и малите потрошувачи со струја ќе ги снабдува во следните пет години.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе