Вести Свет Топ вести

Тропска бура во Јапонија

Во тропска бура го зафати југозападниот дел на Јапонија проследена со жестоки врнежи и ветрови повредени се десетици луѓе.

Таа сега го промени правецот и се движи кон Токио.

Во налетот на бурата поплавени се голем број улици, а дел од домаќинствата останаа без електрична енергија.

Според Јапонската метеоролошка агенција, Бурата Нанмадол е проследена и со ветер со брзина од 108 километри на час и налети до 162 километри на час. Десетици илјади луѓе ја поминаа ноќта во објекти за превентивна евакуација.Прогнозите се дека бурата ќе продолжи кон главниот јапонски остров Хоншу, ослободувајќи обилни врнежи над регионот кој ги опфаќа градовите Осака и Кјото, пред да се пресели над Токио во текот на денешниот ден, а потоа ќе го смени својот правец кон североисточна Јапонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе