Вести Свет Топ вести

Со концерт на Ташмајдан заврши Европрајд парадата во Белград – 64 приведени лица и 10 повредени полицајци во инцидентите

Попладнево во Белград, заврши прошетката на Европрајд парадата, откако учесниците ја поминаа одобрената траса, силно обезбедувана од полицијата, од зградата на Уставниот суд до Ташмајдан, каде настанот завршува со концерт. На самиот настан му претходеа повеќе инциденти. Противниците на одржувањето на Европрајд парадата во Белград се собраа пред Храмот на Свети Сава во главниот град на Србија. Полицијата успеала да ги потисне граѓаните, кои носејќи крстови, икони и други верски обележја излегоа на улиците да го изразат своето несогласување.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека за безбедно одржување на настанот биле ангажирани околу 5 200 припадници на полицијата. Уапсени биле вкупно 64 лица, додека во инцидентите полесно биле повредени и 10 полицајци. Таа додаде и дека биле оштетени пет возила на интервентната полиција, додека биле регистрирани два посериозни инциденти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе