Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Скопје станува црвена зона, ковид тестови матичните имаат до петок

Тројно зголемен бројот на прегледи суспектни за Ковид 19 кај матичните лекари. Комисијата за заразни болести го зголеми бројот на тестирања по барање на матичните лекари и отвори пунктови за брзо тестирање и ПЦР тестирања во Скопје каде пандемијата е најмногу раширена, сепак и тие не се доволно, загрижено реагираат медицинските работници.

Рапидно се зголемува бројот на позитивни случаи во градот Скопје. Станува една драстично „црвена зона“. Во овој момент ПЦР тестирања нема, а брзите тестови веќе во петок се трошат. Пациенти со симптоми имаме се повеќе, значи тројно е зголемен бројот во однос на минатата недела. Главно се горнореспираторни инфекции: болки во грлото, температира, како еден вид настинка. Нема толку со долнореспираторни, сепак кај постарите лица се појавуваат и долнореспираторни инфекции, вели претседателот на ЗЛОМ-СМ д-р Драган Ѓорѓиевски.

Зголемен е и бројот на реинфекции, најчесто се тоа пациенти кои го прележале вирусот пред шест до седум месеци, вели Георгиевски. Се разликува и клиничката симптоматологија за БА5 варијантата на Омикрон.

Во моментов имам тројца пациенти кои случајно се тестирале и се Ковид позитивни. Тие немаат ниту една респираторна симптоматологија, но имаат болки во стомакот, нагони за гадење, вртоглавица. Варијацијата на притисокот е многу честа кај пациентите во овој временски период што се Ковид позитивни, како и дијареа. Остануваат и класичните симптоми температура која трае два до три дена, висока температура и до 39, грлоболка, вели д-р Ѓорѓиевски.

За сега нема нови рестриктивни мерки, но мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавниот превоз и здравствените установи која се уште важи голем број граѓани ја игнорираат.

Најтрагично е што пациенти со симптоми доаѓаат во чекална без маски. Според мене тоа е неприфатливо и морам да испратам апел до граѓаните и до пациентите во здравствена институција било да е амбуланта поликлиника, ординација на матичен лекар и аптека  задолжително мора да носите маска затоа што на исто место чекате со пациенти со респираторна симптоматологија, вели д-р Ѓорѓиевски.

На последниот состанок Комисијата за заразни болести даде предлог да бидат отворени пет нови ковид- амбулатнти во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари.  Во првата фаза тие би биле во Скопје поради најголемиот број на Ковид позитивни.  Во меѓувреме се чека одлуката на Министерство за здравство, за сега како што велат од надлежното министерство нема притисок врз здравствениот систем.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе