Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Заседава Комисијата за заразни болести – ќе се анализира големиот пораст на бројот на новозаразени со Корона

Експертите од Комисијата за заразни болести денес одлучуваат за евентуални нови препораки и заклучоци. Ќе се анализира состојбата по драстичниот пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19.

Тоа што е алармантно засега е дека се шири нова варијанта на вирусот, односно подваријанта на мутацијата Омикрон – која досега ја немаше.

Сега ја има насекаде во регионот и истата сè уште се истражува во лабораториите. За неа се знае дека многу побрзо и полесно се шири од постоечките варијанти.

А, информациите кои доаѓаат од Институтот за јавно здравје се доказ за големиот пораст на епидемиолошката крива.

Вчера објавените бројки за 19 јули покажаа дека дури 44% од направените тестирања се со позитивен наод на Корона. Состојбата во болниците засега е стабилна.

Тимот од лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје во текот на изминатата недела направи секвенционирање на 48 примероци на лица позитивни на Ковид-19.

Кај 39 било пронајдено присуство на БА.5 – подваријантата на Омикрон.

Од блиското соседство – за Албанија веќе се знае дека оваа варијанта станува доминантна, а таму речиси половина од тестираните добиваат позитивен резултат, но матичните лекари велат дека бројката е многу поголема со оглед на тоа што многу од луѓето прават тестови во домашни услови и не се јавуваат на лекар ако не им се влоши состојбата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе