Здружението Иван Михајлов, по чија иницијатива беше отворен клуб во центарот на Битола, нема одобрение од Министерството за правда за употреба на неговото име.
Од Министерството за правда уште информираа дека клубот „Ванчо Михајлов“ е регистриран на 15 март 2019 година во Централниот регистар во Битола.
Да потсетиме дека Уставниот суд во 2001-ва година забрани регистрација на здружение со името „Радко“, што е псевдонимот на Ванчо Михајлов.
Надлежен за регистрирање на било какви здруженија е Централниот регистар и тоа под следниве услови. Ако во името на здружението е внесено име и презиме на историска или друга позната личност, се бара нејзина согласност, а ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а ако не постојат такви, согласност дава Министерството за правда.
