Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Претседателот Стево Пендаровски излезе со став за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, во кој наведува дека иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не ѝ служи на таа благородна кауза.

Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер, наведува Пендаровски.

Во својот став тој наведува дека „во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ“.

За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока, наведува претседателот Стево Пендаровски во својот став по повод отворањето на клубот на бугарското здружение во Битола „Ванчо Михајлов“, на кое присуствуваа бугарскиот премиер Кирил Петков, шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе