Вести Македонија Најважни

Маските и официјално укинати – ќе се носат само во болници, домови за стари лица, аптеки и јавен превоз

Една недела откако Комисијата за заразни болести препорача – Владата одлучи. Маските стануваат минато. Но, барем на хартија – нецелосно, бидејќи има и исклучоци, места каде што маска сепак мора да се носи.

Откако повеќе земји во соседство се одлучија на ист таков чекор, Владата денес на седница само ја потврди одлуката на Главниот координативен кризен штаб, да биде прифатена препораката на Комисијата за заразни болести од каде што потекнуваат сите мерки.

Претходно, Кризниот штаб прифати и други препораки кои ги добија од здравствените експерти во Комисијата.

„Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Главниот координативен кризен штаб се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа“ објави Владата во соопштение.

Неизвесно е од кога ќе стане и официјална одлуката дека маските не се задолжителни во јавни простори. Се чека на објава во Службен весник, а тоа најверојатно нема да биде денес.

Но, откако Владата одлучи, маските сега ќе мора да се носат само во здравствени установи, домови за згрижување стари лица, аптеки и јавни превозни средства како автобуси и такси-возила, каде што и покрај досегашното задолжително носење маска, правилата често се заобиколуваа.

На крајот на минатиот месец беше укината и мерката за задолжителна маска во основните училишта.

Зголемена е и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор, од 50%, на најмногу до 75% во угостителските објекти.

Потврда за вакцинација не е потребна за посета на угостителски објекти на отворено, а сертификати сè уште се потребни за во затворено, во таков тип на објекти.

Петар Догов 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе