Македонија Топ вести

Лажат и децата ама лажат и политичарите – денес првоаприлски тоа е дозволено

Децата секогаш подготвени да се облечат како суперхерои, принцези, нинџа-желки.

Годинава, не ни имаа многу избор каде да си ги покажат маските. Ги прошетаа низ училиштата и градинките, наместо сите заедно во центарот на градот.

Но, гласни и расположени како што им доликува.

На возрасните, пак, не им е многу дојдено до смеење. Но, коментираат дека не само на први април, туку шеги и насмевки треба да има и во многу други денови од годината.

Има и такви кои саркастично го оценија овој датум како најсериозен ден.

„364 дена во годината се денови на шега, ова всушност е најсериозниот ден. Затоа и се почитува многу. Барем јас го почитувам, не знам за другите.“

 

„Не е само овој ден доволен за шеги и насмевки. Секако дека потребни се повеќе. На овој народ малку повеќе му треба да се насмее и да се пошегува. Ама околностите се такви што народот сè помалку е расположен, помалку се шегува и помалку се смее.“

 

„Нормално дека се потребни повеќе денови во годината за шега. Живееме во едно стресно време и мислам дека со такви денови, луѓето малку повеќе ќе се опуштат.“

Претседателот на државата запрашан за тоа дали нашите политичари лажат – не сакаше така директно да одговори, но низ смеа искоментира дека неговите колеги знаат како и знаат кога да ја заобиколат вистината.

„Што и да одговорам, ќе речете дека не ја говорам вистината бидејќи е први април. Нашиве политичари како и сите во светот, не секојпат ја кажуваат вистината, а особено не во изборен период“ изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Манифестацијата „Априлијада“ на скопскиот плоштад уште не се одржува, откако првично, ситуацијата со Ковид-пандемијата налагаше да нема гужви и блиски контакти помеѓу најмалите на овој датум.

Овој плоштад некогаш беше главна станица на сите маскирани деца и нивните родители, а сега веројатно ќе се почека да нема потреба од оние другите, анти-Ковид заштитни маски.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе