Украинската против-офанзива нема да ги промени плановите на Русија, изјави Владимир Путин во својот прв коментар по воените успеси на официјален Киев во северо-источниот дел од својата држава.
За само 6 дена Украинсите сили тврдат дека освоиле територија од 8 000 квадратни километри во регионот околу градот Харков.
Сепак, Путин порача дека на Русија не и се брза и дека офанзивата во регионот на Донбас ќе продолжи, додавајќи дека треба да се има предвид дека неговата држава досега употребила само дел од своите човечки и воени капацитети. Главната цел на Русија, повтори Путин, останува целосното ослободување на регионот Донбас, индустрискиот центар на Украина, каде се формирани и ткн народни републики во Доњецк и Луганск.
„Велите дека Украинската војска напаѓа тука или таму. Властите во Киев соопштија дека започнале и спроведуваат активна контраофанзива. Но, да видиме како се развива и како ќе заврши. Ние не се бориме со целата армија, туку само со дел од Руската армија, само со луѓето под договор. Природно, ова е заради одредени параметри на персоналот и така натаму. Затоа, ние не се брзаме. Но, во суштина, нема никакви промени“ – вели рускиот претседател, Владимир Путин.
