Вести Свет

Бугарија под притисок на енергетската криза – 25% од жителите нема да можат да ги загреваат домовите

Русија ја запре доставата на природен течен гас за Бугарија во април откако владата во Софија одби да го плаќа виталниот енергенс во рубљи.

Бугарија беше речиси целосно зависна од увозот од Газпром за своите потреби на течен природен гас – три милијарди кубни метри годишно кои покриваа речиси 90% од потребите на бугарските домаќинства и економскиот сектор.

Сега Бугарија е принудена да бара алтернативни решенија како гасот од Азербејџан или течниот природен гас од Соединетите држави за своите потреби.

Иако голем дел од индустријата не е зависна од гасот, во државата има неколку големи компании кои се целосно зависни од течниот гас.

Експертите стравуваат дека драстичниот пораст на цените или недостатокот на гас би ги присилил овие компании да го ограничат или запрат производството.

Првиот човек на асоцијацијата на бугарскиот индустриски капитал, Василиј Велев предупредува дека затворањето на овие компании би можело да доведе до тоа околу 250 000 работници да останат без своите работни места.

Во најсиромашната земја членка на Европската Унија, растечките цени на енергенсите ги присилуваат семејствата да ги намалат трошоците и зголемат заштедите пред зимските месеци за да бидат сигурни дека ќе имаат доволно пари да купуваат храна и лекови.

Според Евростат, повеќе од ¼-тина од 7-те милиони Бугари не можат да си дозволат да ги загреваат своите домови – убедливо најголем број во ЕУ.

Присилени да избираат меѓу загревањето на своите домови и обезбедувањето храна за семејствата, голем дел од домаќинствата нема да можат да ги загреваат своите домови оваа зима и ризикуваат да паднат во енергетска сиромаштија.

Статистиките покажуваат дека дури и домаќинствата со средни примања ќе имаат проблеми да ги плаќаат сметките за греење.

Станбените објеки со лоша изолација, ниските примања и растечките цени на енергенсите се главните причини за енергетската сиромаштија.

Во Софија, каде речиси половина милион домови имаат централно греење, бројот на оние кои одлучија да ги променат опциите за загревање се зголеми откако цената за оваа услуга се зголеми за 40%.

Во Бугарија, речиси половина од домаќинствата користат дрво за греење во текот на зимата, како најевтиното и најлесно достапно гориво, но зголемената побарувачка и галопирачката инфлација ги зголемија цените и на овој енергенс над нивото од минатата година.

Власта се обидува да го намали финансискиот товар на домаќинствата со најниски примања, во најголем дел пензионерите и невработените, преку обезбедувањето субвенции за купување дрва за нивните печки. Другите мерки го вклучуваат и ограничувањето на извозот на компаниите за обработка на дрвото и редовното доставување на овој енергенс на домашниот пазар.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе