Вести Свет

Унгарија повеќе не е вистинска демократија, тврди ЕП во најновиот извештај

Со усвојувањето на најновиот извештај, што е необврзувачки текст, со 433 гласа за (123 гласа против, 28 воздржани), Европскиот парламент „длабоко жали што отсуството на решителна акција од страна на Унијата придонесе за распаѓање на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија“.

Извештајот ја опишува унгарската држава како „хибриден режим на изборна автократија“.

Усвојувањето на новиот извештај од страна на Европскиот парламент со кој се осудува владата на Виктор Орбан доаѓа додека Будимпешта се обидува да му даде гаранции на Брисел, за да не дојде до намалување на финансиите.

Ова е уште еден начин да се осуди владата на Виктор Орбан. Европратениците на пленарна седница во Стразбур, прогласија дека Унгарија повеќе не е вистинска демократија, усвојувајќи го извештајот предводен од француската европратеничка од редовите на Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд.

Од 2010 година, Унгарија е предводена од националистичкиот и ултраконзервативен премиер Виктор Орбан (59), кој тврди дека практикува „нелиберална демократија“ и одржува кооперативни врски со Русија на Владимир Путин.

„Работите драматично се променија во Унгарија во изминатите години“, подвлече Делбос-Корфилд за време на дебатата што претходеше на гласањето, особено истакнувајќи дека „независноста на судството е исто толку неверојатна во Унгарија како и во Полска“.

„Знаеме дека самото семејство на Орбан ги враќа европските фондови“, продолжи Делбос-Корфилд наведувајќи ги и „ограничувањата на пратеничките права“, шпионажата на новинарите, владината контрола врз универзитетите, „злогласниот закон“ против ЛГБТ лицата, „кој наликува на законите на Путин.“, но и заострување на условите за абортус.

Да беше Унгарија денес кандидат за влез во ЕУ, тоа немаше да биде можно, повеќе немаше да ги исполнува критериумите за членство, ова е тажната опсервација на извештајот, наведе Фабиен Келер, од групата Ренесанса на Европа.

Будимпешта гласањето го оцени како „навреда“ за Унгарците.

Сметам дека е навредливо за Унгарците што се доведува во прашање капацитетот на Унгарија за демократија, посочи шефот на унгарската дипломатија Петр Сијарто на прес-конференција во Будимпешта, изразувајќи изненадување што „некои“ во Стразбур и Брисел ја „понижуваат“ неговата земја.

ЕП во 2018 година поведе постапка против Унгарија за „Ризик од сериозно кршење на европските вредности“ (член 7 од Договорот за ЕУ). На земјата и се заканува и одземање на милијарди евра финансирање од ЕУ, поради загриженоста на ЕУ за корупцијата и условите за јавни набавки во Унгарија.

ЕК во април против Будимпешта го активира механизам без преседан, кој ја поврзува исплатата на средствата со почитувањето на владеењето на правото, в недела ќе им предложи на земјите-членки да го суспендираат поголемиот дел од средствата исплатени на Унгарија во рамките на политиката на кохезија. Но, ќе се погрижи да остави излез за Будимпешта: земјата може да ги избегне санкцијата доколку правилно ги спроведе најавените реформи во борбата против корупцијата. Земјите-членки ќе имаат до три месеци да одлучат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе