Вести Македонија Топ вести

Петков со порака дека Македонија и Бугарија работат на градење заедничка позиција, но без одговор дали има нов предлог од македонска страна

Македонија останува на португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, изјави денeска министерот зa надворешени работи Бујар Османи,  по средбата со бугарскиот премиер Кирил  Петков, кој дојде во Битола со целиот државен врв на отворњето на кулутрниот ценатар Ванчо Михајлов.

Останува тој документ, Португалскиот предлог кој ние сме го прифатиле и сметаме дека треба да биде основа за решение. Овие чести средби мислам дека можат да ја подобрат таа динамика и покрај сите разлики. Очигледно дека имаме разлики, имаат разлики партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите овде, не е лесно пршање. Комплкесно е прашањето но ние како политичари сме должни да им испорачаме на граѓаните европска перспектива, при тоа штитејќи ги нашите интереси, рече Османи.

Петков рече дека Бугарите во Македонија треба да се мост меѓу двете држа и да се рамноправни со другите заедници. Го избегна одговорот кога Бугарија ќе дозволи Македонците таму да отворат свој клуб. Немаше конкретен одгвор ниту на прашањето дали има нов предлог од македонска страна за решавање на спорот, но додаде дека интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ.

Прашањето е како да стигнеме до една заедничка позиција не само во Бугарија, туку заедно со Северна Македонија. Ја усогласивме рамката што ја имаме, знаете дека имаме коалиционен договор, имаме и преговарачка рамка, сите тие се нешта на кои треба да внимаваме. Истовремено, она што нè обединува е разбирањето дека за сите нас е важна европската иднина на Северна Македонија. Како што е и важно, јас мислам и двете страни тоа го разбираат, дека сите заедници во Северна Македонија треба да се чувствуваат рамноправно, рече Петков.

Бугарската министерката за надворешени работи Генчовска, на прашање дали до јуни Бугарија ќе го дигне ветото за Македонија, рече дека потребно е да бидат исполнети сите услови за тоа. Појасни дека нема различни ставови по тоа прашање со Петков, туку со неговите советници за надворешна политика.

Реков дека различни се позициите со надворешно политичките советници, но со премиерот имаме иста позиција. Тој треба да ја усогласи неговата позиција со тимот за надворешна политика, рече Генчовска.

Битола денеска беше под силно полициско обезбедување за време на отворањето на Културниот центар „Ванчо Михајлов“. Неколку граѓански здруженија и битолчани со транспаренти мирно протестираа на Широк Сокак и порачаа и Македонците во Бугарија да ги имаат истите права.

Со протестно писмо реагираше и Сојузот на борците од Битола против индолентниот однос на македонските власи и политички партии затоа што во центарот на градот се отвора клуб кој го носи името на еден од најголемите експоненти на фашизмот, со што се рехабилитра фашистичката идеологија.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе