Вести Забава Магазин Свет Топ вести

За три дена потрошени 10.000 кондоми во Олимпиското село – неочекуван проблем за организаторите на Игрите во Милано/Кортина

Организаторите на зимските Олимписки игри во Милано/Кортина се соочија со неочекуван проблем уште во првата натпреварувачка недела – остана без кондоми. Според пишувањето на италијанска „Ла Стампа“, сите 10.000 кондоми колку што бесплатно им беа достапни на спортистите во Олимпиското село се потрошија за само три дена. Организаторите, по тврдење на еден спортист кој инсиститал на анонимност, ветиле нова пратка, но не прецизирале кога ќе стигне.

Традиционалната делба на кондоми трае од летните Олимписки игри во Сеул во 1988 година, со цел промовирање на безбедни сексуални односи меѓу спортистите. Но, бројката од 10.000 кондоми за 2.900 спортисти, нешто повеќе од три во просек по лице, се покажа недоволна.

Колку за споредба, на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година беа поделени дури 450.000 кондоми или 42 по лице. Во Париз воп 2024 година имаше повеќе од 200.000, а во Токио во 2021 година, и покрај ограничувањата поради пандемијата на ковид-19, беа достапни 160.000 примероци. На зимската Олимпијада во Пјонгчанг беа набавени и ставени на располагање 110.000. Од тука е јасно дека бројката на набавени кондоми на Игрите во Милано/Кортина е значително помала во однос на претходните Олимпијади.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе