Вести Економија Топ вести

Банките се дистанцираат од судирот со Славески и Кочоска за новите банкарски ценовници

Банките за сега на страна од јавната дебата помеѓу гувернерот Славевски и министерката за финансии Кочоска околу банкарските ценовници. Од Банкарската асоцијација за сега без било каков коментар за целата ситуација, но и за реакцијата на првиот човек на НБРМ по најавите на некои банки дека ќе ги зголемат надоместоците и провизиите.

Дополнително од асоцијација за Телма тврдат дека анализите на дел од банкарските групации покажуваат оти надоместоците и провизиите на нивните банки во Македонија се најниски во споредба со останатите пазари и земји  каде функционираат.

Пред неколку дена некои банките најавија нови ценовници од август. Дел од надоместоците за кои се соопштува дека ќе се зголемат се оние за одржување на платежни, девизни сметки, за користење на апликација за мобилно банкарство.

Исто така, за меѓународни трансфери. Некој банки пак најавуваат и зголемување на годишната чланарина за основна дебитна картичка од 20 на 30 денари.

Најголем скок од околу  30 отсто се забележува кај провизиите на некои банки за плаќање на режиски трошоци на шалтер. Тука покачувањето според дел од ценовниците ќе биде од 90 на 120 денари. Ова е особено важно за оние кои најчесто одлучуваат да плаќаат сметки на шалтер.

На најавените покачувања со реакција се јави гувернерот на Народната банка, Славевски кој изјави дека НБРМ е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат провизиите.

Предложи и законски измени со кои Централната банка ќе може да ограничи одредени банкарски надоместоци, како што тоа се прави во некои европски држави, додавајќи дека сега нема надлежност да реагира.

Од друга страна пак министерката за финансии Кочоска каде се наоѓаат законите на прашање дали може би се размислува да се направат  измени, одговори дека банкарските надоместоци не се дел од законска материја и никогаш не ни биле.

Во земјава функционираат 13 банки.

Ирена Чачкова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе