Вести Македонија Топ вести

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град.

Денешната маршута беше порака до институциите кои потфрлиле. Застанаа и пораки испратија пред зградата на Општината, Државниот трудов инспекторат, УЈП, Полицијата и Основниот суд. Предметот „Пулс“ не е само судење, туку испит за правда и доверба во институциите, порачаа родителите на загинатите на 47-тиот  „Марш за ангелите“ во Кочани.

На секоја од институциите залепија и плакати со пораки, но и што требале да направат за да не се случи најголемата трагедија во земјата, во која згаснаа 63 животи над 200 беа повредени.

Првата институција пред која застанаа беше Општина Кочани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе