Вести Свет

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Двајца припадници на американската војска загинаа, а еден се води како исчезнат во акција, соопшти денеска американската централна команда .

Ова се првите американски жртви во војната со Иран од март, во услови на ескалација на судирите меѓу двете земји.

„На 17 јули, двајца американски војници во Јордан загинаа при извршување на должноста, додека силите на Американската централна команда и партнерските сили се бранеа од ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала. Дополнително, еден припадник на американската војска во моментов се води како исчезнат во акција“, се наведува во објавата на американската централна команда.

Дополнително, уште четворица американски војници биле медицински евакуирани во болници во Јордан, но во меѓувреме се отпуштени.

Други припадници се здобиле со полесни повреди и се вратиле на должност.

Од Централната команда соопштија дека идентитетот на загинатите војници нема да биде објавен сè додека не поминат 24 часа откако нивните најблиски ќе бидат официјално известени.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), презеде одговорност за нападите врз база што ја користат американските сили во Ал-Азрак, Јордан.

Се тврди дека во нападот, изведен со ракети и беспилотни летала, „целосно биле уништени“ повеќе летала.

Со овие жртви, бројот на загинати припадници на американската војска во речиси петмесечниот конфликт се искачи на 15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе