Вести Македонија Најважни

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Додека епидемиолозите и Обвинителството ги бараат и утврдуваат причините за масовните здравствени проблеми на гостиварци, во болницата во градот за само едно деноноќие над 250  лица побарале медицинска помош поради тегоби.

Директорот на болницата др Емри Бајрами вели дека изминатото деноноќие било пикот на ширењето и дека под најголем притисок од пациенти се Инфективната клиника и детското одделение. Првиот пациент кој се пожалил на тегоби бил ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Во моментов задржани се три деца, превентивно, поради опасност од дехидрација.

Министерот за здравство Клековски, кој денес дојде во Гостивар, најави дека ќе се чека на резултатите од испитувањата пред да падне одлуката за прогласување на епидемија. За разлика од локалните власти, тој не верува дека храна а не вода е изворот на проблемите со кои се соочуваат гостиварчани последните пет дена.

Голем број на гостиварци претпладнево побараа лекарска помош во Инфективното одделение. Сите се жалат на истите симптоми

Градоначалникот доктор Ваљбон Лимани, не е во Гостивар и им се обрати на сограѓаните преку социјалните мрежи повикувајќи ги на смиреност.

Директорката на гостиварскиот водовод, Асани, во разговор за Телма кажа дека не е во градот и остана на ставот дека пумпите биле користени само еднаш на 26 јуни, но не даде одговор зошто и по дваесет дена тие се уште биле во каналот со отпадни води. Потврди дека дала исказ пред истражните органи

Од ИЈЗ соопштија дека ќе ги запазат протоколите и дека резултатите од испитувањата на мострите земени од чети различни локации ноќта меѓу четвртокот и петокот ќе бидат готови за 48 часа. Физичко хемиската анализа веќе е завршена, се работи на микробиолошката а резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството, не и до јавноста, во интерес на истрагата,

Одлуката НА АХВ за забрана за користење на вода од градскиот водовод останува на сила.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе