Вести Македонија

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение, оцени дека изјавата на Христијан Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил и што се случило во Гостивар“ и дека „ќе има одговорност“, е само уште една во низата, како што велат – празни најави кои стануваат предвидливи.

Од опозициската партија посочуваат дека е особено апсурдно што за проблемот во Гостивар, Мицкоски и владеачката партија ја обвинуваат СДСМ, која никогаш не била на власт во тој град.

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ се однесуваат како да се во опозиција, а не како да се на власт веќе две години. Граѓаните повеќе не веруваат во „наскоро ќе се знае“. Сакаат резултати, а не нови најави и нови лаги. Време е да се преземе одговорност, а не да се префрла на другите’ – порачуваат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе