Балкан Вести Свет

Видео: Големи штети по невремето во Словенија

Во Словенија вчера силно невреме со пороен дожд, град, громови и силен ветер. Од Словенечката агенција за животна средина  соопштија дека невремето, кое започнало на северот од земјата, се движело кон централниот дел и југоистокот.

Невремето предизвикало материјални штети, при што силниот ветер откорнувал покриви и соборувал дрвја.

Дополнителни оштетувања се регистрирани и од град со големина на орев. Словенечката управа за заштита и спасување информира дека најтешко погодено е подрачјето на Марибор и околината.

Денеска во земјата според МетеоинфоСловенија времето  ќе биде сончево и топло во поголемиот дел од Словенија. Попладне, изолирани врнежи од дожд и неколку мали, краткотрајни бури ќе се појават над ридовите на северна, централна и особено западна Словенија.

Во близина на морето, развојот на повремени врнежи од дожд и мали бури може да се продолжи до петок навечер.

УХМР  веќе најави дека и во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе