Вести Свет

Трамп: Морнарицата на САД ќе го блокира Ормутскиот теснец и ќе ги запре сите бродови кои платиле такса на Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американската морнарица ќе започне со блокирање на бродови во Ормутскиот теснец и ќе го  пресретнува секој брод што платил такса на Иран, откако мировните разговори меѓу САД и исламската република завршија во ќорсокак.

„Стапувајќи на сила веднаш, морнарицата на Соединетите Држави, најдобрата во светот, ќе започне процес на БЛОКАДА на сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормутскиот теснец,“ напиша Трамп на својата социјална мрежаTruth Social.

„Во одреден момент ќе дојдеме до состојба „СИТЕ ДА МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ, СИТЕ ДА МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ“, но Иран не го дозволи тоа со едноставното тврдење „Можеби има некаде мина,“ за која никој не знае освен нив. ОВА Е СВЕТСКА ИЗНУДА.“ – напиша Трамп, во својот препознатлив стил на измешани мали и големи букви.

Трамп исто така додаде дека САД ќе го спречат преминот на секој брод што платил такса на Иран и ќе започнат со отстранување на мини од теснецот.

„Исто така ѝ наложив на нашата морнарица да го бара и пресретнува секое пловило во меѓународни води што платило такса на Иран,“ напиша тој. „Никој што плаќа нелегална такса нема да има безбеден премин на отворено море. Ќе започнеме и со уништување на мините што Иран ги поставил во теснецот. Секој Иранец што ќе пука кон нас или кон мирни бродови ќе биде СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА!“

Затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран предизвика глобален економски потрес, а клучен услов за постигнување мировен договор меѓу САД и Иран беше овозможување на слободен премин низ овој воден пат.

Во втора објава, Трамп повторно го нагласи условот, велејќи: „Како што ветија, подобро да започнат процес за ОТВОРАЊЕ НА ОВОЈ МЕЃУНАРОДЕН ВОДЕН ПАТ И ТОА БРЗО!“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе