Вести Свет Топ вести

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран

Само неколку часа откако целиот свет помисли дека можеби воената криза на Блискиот Исток ќе биде надмината, откако САД и Иран го прифатија пакистанскиот предлог за двонеделен прекин на огнот, Израел изведе  страотни напади на Бејрут во текот на вчерашниот ден во кој беа убиени над 180 луѓе а повредени 890 лица.

Екстремно десничарската влада на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, поддржан секако од Трамп, тврди дека договорот за примирје не го вклучува Либан и Хезболах.

Но Иран и Пакистан, чиј премиер Шахбаз Шариф директно посредуваше за постигнувањето на договорот за примирје и треба да биде домаќин на преговорите меѓу САД и Иран за траен мир, тврдат нешто сосема спротивно.

Цитирајќи го твитот на Шариф, во кој потенцира дека прекинот на огнот важи насекаде вклучувајќи го и Либан, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, побара од Соединетите американски држави да изберат меѓу прекинот на огнот или продолжување на војната преку Израел.

Предупредувајќи дека доколку израелските напади против Либан продолжат, исламската република ќе одговори со бомбардирање на цели во Израел, иранската револуционерна гарда повторно целосно го блокираше поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Најголем дел од меѓународната заедница остро реагираше на израелските напади во Либан.

Франција, Велика Британија, Шпанија, Италија, Турција, Катар порачаа дека Либан мора да биде вклучен во примирјето. Нема воено решени за кризата, сметаат Обединетите Нации.

Обединетите нации остро ги осудуваат нападите на Израел низ Либан, кои резултираа со значителни цивилни жртви. Прекинот на огнот меѓу САД и Иран нуди можност да се спречи понатамошно губење на животи меѓу Либан и Израел. Ги повикуваме сите засегнати страни да го почитуваат примирјето“ – изјави Фархан Кан, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН.

Одговорот на САД и Израел е дека договорот за прекин на огнот не важи за Либан. Сепак симптоматично е дека токму на денот кога беше прогласено примирјето, израелската војска одлучи да ги изведе досега најмасовните напади против цели во Либан.

Под изговор дека гои таргетира Хезболах, војската на Израел срамни со земја цели станбени блокови во Бејрут.

Администрацијата на Трамп бара итно отворање на Ормутскиот теснец, застанувајќи целосно во одбрана на својот главен сојузник на Блискиот Исток, израелскиот премиер Нетанјаху, кој од меѓународниот кривичен суд е осомничен за воени злосторства во Газа и за него е издаден налог за апсење.

Белата Куќа не е вознемирена од ужасните снимки во Бејрут.

Либан не е дел од прекинот на огнот. Ова им беше кажано на сите страни во договорот. Како што знаете, премиерот Нетанјаху минатата ноќ објави изјава во поддршка на договорот за прекин на огнот и на мировните напори на САД. Тој го увери и претседателот дека ќе продолжи да биде партнер од доверба во текот на наредните две недели“ – изјави Керолин Левит, портпаролка на Трамп.

Или имало недоразбирање во текот на преговорите, за кого точно важи договорот за прекин на огнот, што е малку веројатно, или некој лаже.

Дали тоа се Пакистан, земјата која го подготви планот за примирје и Иран, кој најмногу страда во бомбардирањето или пак САД, чиј лидер неодамна се закани дека ќе ја уништи иранската цивилизација и секогаш за војна подготвениот Израел и не е премногу тешко да се претпостави.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе