Спорт Тенис

Јаник Синер испиша нова историја со титулата во Мајами (ВИДЕО)

Јаник Синер синоќа испиша историја со освојувањето на мастерс тенискиот турнир во Мајами. Италијанецот освои 34 сетови по ред на турнирите од серијата 1.000. 

Италијанскиот тенисер го победи Јиржи Лехечка во два сета со по 6-4 и го освои седмиот мастерс трофеј во својата кариера. Тој стана првиот тенисер по Роџер Федерер уште од 2017 година што ги освои двата мастерс турнири во САД еден по друг, откако пред две недели славеше и во Индијан Велс. 

Интересно, Синер испиша историја, бидејќи стана првиот тенисер без загубен сет на двата турнири. Неговата серија трае уште од Париз минатата година и сега изнесува 34 сетови по ред.

Само осум тенисери во историјата ги освојувале турнирите во Индијан Велс и Мајами еден по друг, а само Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го направиле тоа повеќе од еднаш, Србинот рекордни четири пати, додека Швајцарецот три. 

Синер се доближи до првото место на АТП ранг-листата, што моментално го држи Карлос Алкараз на 1.190 бодови. Сезоната продолжува на европско тло каде на програмата се неколку важни турнири на земјена подлога. Од 5-12 април се игра мастерсот во Монте Карло, по што следуваат два силни турнири од серијата 500 во Барселона и Минхен. Пред вториот сезонски грен слем Ролан Гарос се играат два силни мастерс турнири во Мадрид и Рим. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе