Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот Васил Јованов, кој минатата година на пешачки премин на Партизанска ја прегази Фросина Кулакова..
Со оваа се исцрпени сите правни мерки со кои би можело неговата казна да биде ублажена.. 21-годишниот Јованов е осуден на казна затвор во траење од тринаесет години..
Сообраќајната несреќа се случи во јануари лани, кога тој без возачка и под дејство на алкохол помина црвено и ја прегази Фросина..
