И по второто значително поскапување на горивата, најверојатно нема да се интервенира со мерки. На денешната владина седница за сега нема точка на дневен ред за состојбата со цените и ситуацијата на Блискиот исток.
Дел од стопанствениците и економистите пак предупредуваат дека поскапувањето на нафтата ќе ги вивне цените и во други дејности. Први на удар се транспортерите.
Аналитичарот Бранимир Јовановиќ смета дека државата уште минатата недела требала да донесе мерки за да се ублажи ударот од ценовниот шок.
Од денеска на бензиските пумпи горивата се продаваат по повисока цена. Со последната одлука на регулаторна бензините поскапеа за 7 денари, а дизелот за 6, 5 денари.
За една недела ова е второ по ред зголемување цените. Со корекцијата направена минатиот понеделник, кај бензините е порасната за 12 денари, а кај дизелот за над 20 денари.
Од владата пак постојано посочуваат дека состојбата се следи и ако треба ќе се интервенира, но за сега мерки не се споменуваат. Една од работите кои може да се направи е да се намали ДДВ за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто, а акцизите 1, 2 или 4 денари.
Премиерот Мицкоски пред неколку дена повторно кажа дека ако има потреба ДДВ то ќе се спушти и до 5 отсто.
Во меѓувреме поголем дел од земјите во регионот донесоа одлуки за справување со растот на цените предизвикан од кризата на Блискиот исток.
Воениот конфликт и натаму ја држи цената на нафтата над 100 долари за барел.
