Вести Култура Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Македонска премиера на “Приказната за Силјан” на Котевска која порача дека документарниот филм ќе биде прикажан низ цела Македонија

Во Скопје, вечерва се одржа македонската премиера на “Приказната за Силјан” документарниот филм на режисерката Тамара Котевска.

По блескавите критики на светската сцена, “Силјан” во кој во главна улога е еден македонски штрк, доби шест награди и 13 номинации, меѓу кои се и оние од „ Cinema eye Honors“.

Филмот раскажува за земјоделецот Никола кој не може да ја продаде земјата и плодовите од неа, поради нови владини политики. Семејството го напушта и заминува во странство, а тој работи како чувар на депонија, каде што наоѓа повреден штрк, кого го нарекува Силјан. Никола го спасува штркот, по што меѓу нив се создава нераскинлива врска.

Начинот на кој беше раскажана приказната го поттикна светски познатиот дистрибутер National Geographic Documentary Film во септември да го откупи филмот за прикажување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

На премиерата во МНТ, присуствуваше целата филмска екипа предводена од режисерката и продуцентка Котевска и кинематограферот и продуцент на делото Жан Дакар.

Покрај звучните културни имиња, на премиерата беше и државниот политички врв. Пошироката културна и филмска публика, “Силјан” ќе може да го видат на проекциите во кината Синеплекс во Скопје, на редовниот репертоар, како и низ цела Македонија.

Скопска премиера на документарецот „Приказната за Силјан“, а потоа проекции во Cineplexx и низ Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе