Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на Демократската партија на Турците потпишаа договор за коалициска соработка. Партијата која пред локалните избори ја напушти коалицијата со ДУИ и настапи самостојно, сега и официјално влегува во владата.
Веќе беше најавено дека ќе добијат министер без ресор, а очекуваат и други, пониски функции. Оваа партија има еден пратеник што значи дека владејачкото мнозинство ќе брои 59 пратеници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
