Вести Култура

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава тргнува од Неготино

По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо.

Од 10 до 17 јули, караванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне.

Годинашното патување започнува на 10 јули во Неготино, каде проекцијата ќе се одржи кај Спомен-костурницата. Веќе следниот ден, 11 јули, Патувачкото кино ќе гостува во Пепелиште, во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“. На 13 јули, караванот продолжува во Демир Капија, на градското Шеталиште, а на 14 јули ќе биде во Долни Дисан, во ООУ „Гоце Делчев“. Последните две филмски вечери ќе се одржат на 16 јули во Негорци, во ООУ „Ристо Шуклев“, и на 17 јули во Гевгелија, во ООУ „Јосиф Јосифовски“.

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино се труди да ги поврзува луѓето преку приказните и да ги собира на плоштадите, училишните дворови и останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат дијалог.

Патувачкото кино не се само проекциите, туку и средбите пред и по филмот, разговорите што продолжуваат откако ќе се изгасне проекторот и приказните што се пренесуваат до следното место.

Седумнаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Проекциите се бесплатни.

Повеќе информации за програмата на проекциите ќе бидат објавени на официјалните комуникациски канали на „МакеДокс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе