Граѓаните на Македонија што планираат да патуваат во земјите од Европската Унија, најверојатно, нема да мора да плаќаат по 20 евра за електронска дозвола за патување од крајот на оваа година. Според „Фајненшл тајмс“, Европската Унија размислува да го одложи воведувањето на системот ETIAS до 2027 година, поради проблеми со спроведувањето на биометрискиот систем за гранична контрола.
Воведувањето на системот ETIAS е можно само по успешно тестирање
Европската комисија треба да одреди датум за почеток на работа на системот, но тоа може да го стори само откако EU-LISA успешно ќе го тестира системот ETIAS.
Изворите велат дека „ сè уште има некои ИТ проблеми“ со ETIAS и дека е подобро прво да помине EES пред да се воведе друг систем што повторно ќе ги удвои редиците на граничните премини.
Кога ќе стане системот задолжителен, патниците од земјите на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ, меѓу кои е и Македонија, ќе треба однапред да пополнат електронска апликација, да платат такса од 20 евра и да поминат безбедносни проверки.
Одобрението ќе биде електронски поврзано со пасошот и ќе важи три години или до истекот на пасошот.
