Вести Култура

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Во Амфитеатарот во Дојран вечерва свечено ќе биде отворено 5. издание на фестивалот на балкански и мeдитерански филм „Преку езерото“. На отворањето ќе бида прикажани краткометражниот филм „Вошки“ во режија Розе Симоновска и Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду, од официјалната селекција.

На вечерашната свеченост на актерот Тони Наумовски ќе му биде врачена наградата „Мето Јовановски“ што фестивалот ја доделува за  за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот.

Годинава земја во фокус е Иран и публиката во Дојран, Струмица и Гевгелија може да погледне 4 филмови од современата иранска кинематографија, а се одржа и панел на тема „Кој ќе ја режира иднината на современиот ирански филм? -Дали може иранскиот филм да се носи со предизвиците на модерното живеење?“ на кој говореа Мехрдад Хамнеи, директор во студиото „Егзит Арт“, Агим Абдула, режисер и сценарист кој има дипломирано режија во Иран и Дамјана Ивановска, филмолог од Кинотека.

Дамјана Ивановска од Кинотека посочи дека на проекциите на иранските филмови во салата на Кинотеката во Скопје секогаш има публика бидејќи тоа е плодно поле и тие се одлични раскажувачи кои постојано ги редефинираат границите до каде можат да одат, додека Агим Абдула укажа дека иранскиот филм и покрај сите рестрикции, условите во кои се снимани и малите буџети сепак има успех.

Учесниците на панелот говореа за разликите меѓу филмовите на авторите кои работат во Иран и надвор од границите на Иран и колку цензурата и мешањето на регулаторната комисија и религиските претставници влијае на авторството на едно дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе