Вести Свет

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Полицијата во Велика Британија уапси 26-годишен маж под сомнение за убиство по смртта на поранешната конзервативна министерка и пратеничка Ен Видикомб.

Како што соопшти полицијата на Девон и Корнвол, 78-годишната Видикомб била пронајдена во четвртокот во својот дом со тешки повреди, по што било констатирано дека починала. Осомничениот, бел Британец, се наоѓа во полициски притвор.

Истражителите наведуваат дека засега нема индиции дека станува збор за терористички чин или дека нападот бил политички мотивиран. Воедно, полицијата соопшти дека е прерано да се каже дали осомничениот ѝ бил познат на Видикомб.

Британскиот премиер Кир Стармер го оцени случајот како „шокантна вест“, додека лидерката на Конзервативната партија Кеми Бејденок изјави дека е „запрепастена“ од, како што рече, „ужасниот инцидент“.

Ен Видикомб беше една од најпознатите личности на британската конзервативна сцена. Таа беше пратеничка од Конзервативната партија во парламентот 23 години, претставувајќи ја изборната единица Мејдстон во Кент, а подоцна стана портпаролка на партијата Reform UK. Истрагата за случајот е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе