Вести Свет Топ вести

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донира револверот што како подарок го доби од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на воен музеј, откако претходно ќе биде онеспособен за употреба, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.

Одговарајќи на новинарско прашање за необичниот подарок што турскиот претседател им го врачи на лидерите на НАТО за време на самитот, Пињо рече дека Фон дер Лајен му се заблагодарила на Ердоган за подарокот.

„Бидејќи станува збор за огнено оружје, тоа ќе биде безбедно транспортирано и складирано. Откако ќе биде онеспособено за употреба, намерата на претседателката е да го донира во воен музеј“, изјави Пињо.

Таа одби да даде дополнително толкување за значењето на подарокот.

„Ќе ви оставам на вас да го толкувате, бидејќи сигурно постојат повеќе можни интерпретации. Ова беше подарок што го добија сите лидери кои учествуваа на самитот на НАТО и немаме што дополнително да додадеме“, рече портпаролката на Европската комисија.

Според информациите, турскиот претседател на лидерите што присуствуваа на самитот на НАТО им подарил револвер и шест куршуми, со цел да ја промовира растечката одбранбена индустрија на Турција.

Не сите лидери успеале да ги понесат подароците со себе поради строгите прописи за поседување и внесување огнено оружје во нивните земји, додека дел од нив, како и Фон дер Лајен, одлучиле оружјето да го донираат во музеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе