Вести Економија Топ вести

За едните стратешки, за другите штетен – сè уште нема епилог за кривичните за договорот во Александрополис

Договорот за закуп во гасниот терминал во Александрополис во Грција, кој е предмет на проверка на Финансиската полиција, бил одбиен да се потпише и од поранешните стручни тела во ЕСМ. Според извори на Телма, работната група во „Електрани“ дала негативно мислење, со образложение дека нема бизнис план и проценка. И од Управниот одбор на ЕСМ го одбиле договорот, но потоа Владата донела одлука и му наложила на одборот да го потпише. Сега надлежните проверуваат дали договорот со кој треба да се обезбедат и други извори на снабдување со гас е штетен или не.

Предметот се најде во Финансиската полиција, откако новото раководство во ЕСМ во 2025 година поднесе кривични пријава против членовите на двата претходни Управен и надзорен одбор на компанијата, но и против поранешни функционери поради неколку одлуки поврзани со договорот со закупот, со образложение дека е нанесена финансиска штета – компанијата плаќала 250.000 евра месечно за закуп за нешто што не се користи.

Па, од ЕСМ одлучиле да го ревидираат договорот, да не се плаќа надоместокот до 2030 година, кога се очекува да почне да се испорачува гас во земјава според потребите. Поранешниот вицепремиер и сегашен пратеник Битиќи за Телма, пак, додаде дека договорот никако не може да се каже дека е штетен.

„Со закупот што го потпишавме ќе може земјава да се снабдува со течен гас од САД, нешто за што се пофали и оваа Влада. САД имаат и удел во тој терминал и договорот е дел од стратешкото партнерство со нив. Не само што договорот не е штетен, туку е постигнат во време на енергетска криза кога сите водеа битка, а ние во тоа време направивме закуп на количини кои ќе може да ги користиме“, соопшти за Телма поранешниот вицепремиер и сегашен пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи.

За кривичните пријави и по една година сè уште нема епилог. Од финансиската полиција пред извесно време кажаа дека си уште се прибира потребната документација.

Во 2021 година, ЕСМ и Националниот енергетски систем потпишаа договор со кои беше посочено дека ќе се стекнат со удел во терминалот и гасната централа Александрополис, каде нашата земја ќе стане стратешки снабдувач на природен гас од САД и Блискиот Исток.

Во проектот беа вклучени и Србија и Бугарија. Терминалот за течен природен гас почна со работа во октомври во 2024 година и преку него се снабдуваат неколку држави од Југоисточна и Централна Европа.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Закопани пет грла овци во Соколарци – угинаа од сипаници

Sasko Dimovski

Тепани затвореници во акција на интервентна полиција, кај нив пронајдени телефони

Дејан Дејан

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе