Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

СДСМ ја обвини Владата дека наместо да преземе чекори за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, повторно продава дел од неговиот запленет имот во земјава. Од опозициската партија тврдат дека се продаваат станови и друг имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски располага со имот и средства вредни над две милијарди евра.

„Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово“, соопшти СДСМ.

Од партијата упатија обвинувања и кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека не бараат екстрадиција на Груевски. СДСМ прашува и дали се испратени потребните документи за неговa eкстрадиција од Унгарија.

„Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови“, наведуваат од СДСМ.

Опозициската партија најави дека преку, како што го нарекува, „Фронтот за вистина и правда“ ќе бара одговорност за Груевски, но и за „неговите ученици и продолжувачи на неговото дело“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе