Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Иран, откако, како што тврди, иранските власти се заканиле со атентат. Во објава на својата социјална мрежа „Трутсоушал“, Трамп порача дека американската војска е подготвена за одговор.
„Илјада ракети се подготвени и насочени кон Исламската Република Иран, а веднаш потоа би следувале уште илјадници, доколку иранската влада ја оствари својата закана да го убие или да се обиде да го убие актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај – МЕНЕ!“, напиша Трамп.
Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена да дејствува во период од една година, со можност тој рок да биде продолжен.
„Американската војска е подготвена, способна и решена целосно да ги уништи сите области на Иран“, наведе Трамп во објавата.
На крајот од статусот, американскиот претседател напиша: „Слава му на Алах!“.
