Спорт Фудбал

Мбапе и Дембеле го скршија Мароко, Франција моќно до полуфиналето на СП

Франција е првиот полуфиналист на Светското фудбалско првенство 2026 година, откако вечерва на стадионот во Фоксборо го совлада Мароко со 2-0.

„Триколорите“ доминираа против африканската селекција и заслужено дојдоа до триумф, кој лесно можеше да биде и поубедлив. Мароко беше надигран, но Франција отпорот на ривалот го скрши во второто полувреме.

Французите имаа неколку изгледни шанси во првите 45 минути, а најдобрата ја пропушти Килијан Мбапе. Капитенот на Франција не реализираше пенал што самиот го изнуди во дуел со Нусаир Мазрауи. Мбапе шутираше лошо, па голманот Јасин Боно успеа да му ја скроти топката.

Сепак, тоа не го поколеба францускиот голгетер. Во 60-тата минута Мбапе го отвори резултатот со прекрасен удар од надвор од шеснаесетникот.Само шест минути подоцна Франција го реши победникот, кога Усман Дембеле погоди за конечни 2-0.

Франција во полуфиналето ќе го чека победникот од пресметката меѓу Шпанија и Белгија. Во преостанатите две четвртфиналиња ќе играат Англија против Норвешка и Аргентина против Швајцарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Sportska Redakcija

Епски пресврт на Аргентина против Египет: Од 0-2 до четвртфинале на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Кошаркарите ги дознаа можните противници во втората фаза од претквалификациите

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе