Спорт Фудбал

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу ко-домаќинот САД и Белгија во осминафиналето на Светското првенство 2026 предизвика големо внимание во јавноста. Причината не беше некое големо фудбалско ривалство меѓу двете селекции, туку политичкиот потег на Доналд Трамп.

Американскиот претседател интервенираше кај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да биде преиспитана суспензијата на Фоларин Балогун, кој заработи црвен картон на претходниот натпревар против Босна и Херцеговина. ФИФА потоа му дозволи на напаѓачот да настапи во осминафиналето, а жалбата на Белгија беше експресно одбиена.

Сепак, ниту Балогун не можеше да ги спаси САД од катастрофа. Белгија славеше убедливо со 4-1 и се пласираше во четвртфиналето, каде што ќе игра против Шпанија.

Белгиските фудбалери по голот на Ромелу Лукаку, со кој беше поставен конечниот резултат, испратија јасна порака. Тие славеа крај корнер знаменцето имитирајќи го препознатливиот танц на Трамп, како одговор на контроверзната одлука на ФИФА да му дозволи на Балогун да игра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе