Домен Превц стигна до првата сезонска победа во Светскиот куп во ски-скокови откако денеска славеше во Висла, Полска.
По две втори места и едно трето оваа сезона, Превц конечно се искачи и на највисокото место на подиумот. Словенецот до триумфот дојде со скокови од 136 и 130 метри, односно 286,2 поени. Втор беше Германецот Филип Рајмунд, додека на третото скалило на подиумот имаше место и за Риоју Кобајаши од Јапонија.
Анже Ланишек, кој денеска беше четврти, останува на лидерската позиција во генералниот поредок со 406 бодови, пред Превц кој има 370, а Кобајаши е трет со 326.
Утре скокачите повторно ќе се натпреваруваат во Висла.
