Вести Останато Спорт

Едриличарската Федерација на Балканско првенство во Бугарија

Едриличарската Федерација на Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53-тото Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија.

Настанот, во организација на Бугарската едриличарска федерација и Општина Несебар, ќе ги собере најдобрите едриличари од балканските земји кои ќе се натпреваруваат во класите Optimist, ILCA 4, ILCA 6 и Finn.

Натпреварите ќе се одвиваат од 17-ти до 19-ти Октомври, планирано е одржување на максимум девет трки во секоја класа, а завршната церемонија и доделувањето на медалите ќе се одржат на 19 октомври.

  • „Балканското првенство е еден од позначајните настани за нашиот спорт и претставува можност македонските едриличари да ги измерaт своите сили со најдобрите од регионот во конкуренција на голем број светски и европски прваци. Нашата репрезентација се состои од вкупно 13 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, како во младинска така и во сениорска конкуренција. Нашата цел е преку вакви настапи да им овозможиме континуиран развој, искуство и меѓународна афирмација“ изјавија од Едриличарската Федерација на Македонија.

Балканското првенство е дел од официјалниот календар на европски и регионални регати, дел од календарот на Светската едриличарска федерација и претставува важен чекор во развојот на младите таленти и афирмацијата на олимписките дисциплини.

Со ова учество, Едриличарската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на активно претставување на меѓународната сцена, после Светското Првенство во Словенија и Европоското Првенство во Полска, а со цел унапредување на спортот едрење и промоција на македонските спортисти и нашата земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје

Sasko Dimovski

Цените на основните производи под лупа – производителите и дистрибутерите денеска во директни разговори

Sasko Dimovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе