Тројца новоименувани вонредни и ополномоштени амбасадори денеска ќе ги претстават своите платформи за дипломатски активности пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.
Илина Мангова ќе ја претставува Македонија во Велика Британија и Северна Ирска, Стојанче Китаноски ќе биде амбасадор во Австралија, додека Линда Салиоска Иљазоска ќе ја претставува земјата во Холандија.
По претставување на платформите, членовите на Комисијата ќе имаат можност да се запознаат со приоритетите и плановите на новите дипломатски претставници.
